Се поплочуваат улици во општина Росоман. Локалната самоуправа соопшти дека по празниците продолжува градежната сезона и комуналната изградба.
– Проектот за поплочување на улици во општината е дел од поголем тендер за асфалтирање улици. Истовремено, се градат и тротоари на неколку улици во Росоман и во селото Сирково, соопшти општинската Служба за информирање.
Од буџетот на општина Росоман за уредување на улиците беа издвоени 5.5 милиони денари.