Се отвора Скопје Сити Мол

Од:

Инвестицијата од околу 70 милиони евра треба да овозможи над 2.000 вработувања. На 90.000 метри квадратни, од кои 39 илјади метри се за издавање, според најавите, ќе бидат присутни 150 реномирани светски брендови, како и најголемите локални трговски марки, а ќе бидат достапни за комерцијална продажба од утре.

Зара, Масимо Дути, Страдивариус, Пул енд Беар, Бершка, како и францускиот ланец супермаркети Керфур, се дел од брендовите кои најдоа свое место во Скопје Сити Мол и првпат ќе имаат свој продажен простор во Македонија. Трговскиот центар нуди богати забавни содржини како што се мулти-плекс киното со 3Д технологија на Синеплекс, потоа куглана за семејна забава и деловно дружење Бо Боулинг, многу кафе барови, ресторани, брза храна, козметика, книжарница, детски катчиња, потреби за домаќинство, сервисни услуги и други содржини. Посетителите ќе имаат на располагање и паркинг простор со 1.300 места вклучувајќи подземно ниво и катна гаража.

На свеченото отворање на Скопје Сити Мол вечер во 19 часот и 30 минути е најавено присуство на премиерот Никола Груевски, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Карпош Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, како и главните извршни директори на ФЕШН ГРУП и на БАЛФИН Зоран Антиќ и Самир Мане.

Во пресрет на свеченото отворање дел од брендовите почнаа со промоција на своите понуди. Со свој продажен салон во Скопје Сити Мол и воопшто во Македонија од денеска е присутна iSТYLE најголемата мрежа за продажба на производите на светскиот гигант Apple за подрачјето на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.

Определбата на Скопје Сити Мол, според најавите, е да ги задоволи потребите на домашните, но и на потрошувачите од регионот за квалитетен и современ трговски простор и да стане најуспешен шопинг центар на Балканот со околу 7,5 милиони посетители во првата година.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош