Се одржа традиционалната „Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје“

Од:

Во пресрет на Денот на ослободување на главниот град на Република Македонија, 13 Ноември, вечерва се одржа традиционалната „Ноќна атлетска трка низ улиците на Скопје“.

Се одржаа две официјални трки: Трката за средношколци во машка и женска конкуренција и Главната трка за мажи и жени, на 5 односно 2,5 километри.

Од средношколците најдобри беа Сали Ибраими од СУГС „Михајло Пупин“, Војдан Крстевски од СУГС „Марија Кири Склодовска“ и Стефан Стојановски од СУГС „Кочо Рацин“, додека во женска конкуренција првите три места ги зазедоа Сермине Љатифовска од државното средно училиште „Методија Митевски-Брицо“, Марија Магдалена Василевска од СУГС „Јосип Броз-Тито“ и Марија Кузевска од средното училиште „Димо Хаџи Димов“.

Прв, по истрчани 4 круга во машка конкуренција, во главната трка во должина од 5 километри, на целта стигна Милош Ранчиќ, на второто место беше Александар Кираџиев, а трет Кокан Ајановски.

Жените трчаа два круга во должина од 2.500 метри, а првите три места им припаднаа на Христина Ристеска, Росица Костова и на Ениса Тасевска.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош