Се одбележува Светскиот ден на безбедна храна, над 600 милиони во светот се разболуваат од небезбедна храна

Од:

Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

dobivaj vesti na viber

Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Органзиацијата на Обединетите нации. Целта е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната и да се информира јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа.

Кон оваа глобална иницијатива денеска се приклучува и Агенцијата за храна и ветеринарство од каде информираат дека и во услови на пандемијата со КОВОД -19, во земјава се реализираат сите активности од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

„Засилени се и инспекциските контроли како еден од приоритетите за грижа за здравјето на граѓаните и во услови на прогласена пандемија, кога граѓаните и операторите со храна функционираат во нови, досега непознати услови за живеење, но и за производство и трговија со храна“, велат од АХВ.

Досега се спроведени над 14.700 инспекциски контроли, а како најчести недоследности се оние кои се однесуваат на неодржувањето на хигиената во објектите, неводењето на записи согласно HACCP плановите за контрола на критичните контролни точки и неспроведувањето на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

„Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство е фактот дека веќе 18 месеци не се евидентирани случаи на труења со храна“, посочува АХВ.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против поранешен директор на АХВ за „злоупотреба на службена положба“

А1он

Социјалдемократката Франциска Гифеј е нова градоначалничка на Берлин

А1он

Убивале кучиња со чекан по глава за да земат награда од 500 денари во кампањата на АХВ „Стоп беснило“

Мери Јордановска

Откриена болеста „њукастел“ во одгледувалиште во општина Гази Баба

А1он

ВИДЕО: Претседателот на Кинолошки сојуз сечел уши и опашки на кучиња, дома, на масичка за излет

Маја Илиевска-Пачемска

Откриени 16 фирми во кои инспекторот Шуменковски неовластено уништувал храна и пијалаци

Маја Илиевска-Пачемска