Се одбележува Детската недела

Од:

По повод Светската недела на детето, Коалицијата на младински организации СЕГА од 5-ти до 11 октомври ќе реализира повеќе локални акции создадени од четириесет и две деца од различни националности од Прилеп, Тетово, Теарце, Струмица, Куманово и Кавадарци.

Децата беа дел од вториот Летен камп 2015 во Струга,  во состав на проектот „Промоција на детски права и интеркултурна комуникација”.

Заедничкото живеење, активностите и интеркултурната размена кои беа дел од кампот имаа за цел да обезбедат квалитетно интеркултурно искуство на децата и исто така да ги научат начините и методи со кои можат да ги промовираат детските права и интеркултурната комуникација. Активностите кои ќе се спроведуваат се дел од кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!“

Овие активности се организираат во состав на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој го имплементираат во партнерство,  Коалицијата на младински организации СЕГА, Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската фондација „Песталоци“.

Би можело да ве интересира

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа

Во Македонија секое трето дете живее во сиромаштија

ISW: Путин продолжува да ги краде украинските деца

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски