Се нивелираат канализациските шахти на градските улици

Од:

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве ги нивелираат канализациските шахти на градските улици и булевари.

Како што соопшти Град Скопје, во текот на градежните работи, се отстранува оштетениот материјал околу шахтите, се поставуваат нови капаци, коишто се армираат и потоа се бетонираат.

Во изминативе две недели нивелирани се дваесетина канализациски шахти и на нив се поставени нови капаци, и тоа на улиците „Димитрие Чуповски“, „Франклин Рузвелт“, „Никола Парапунов“, „Христо Татарчев“, „Алија Авдовиќ“, „16. Македонска бригада“ и на булеварите „Александар Македонски“ и „Илинден“.

Од Град Скопје посочпуваат дека акцијата за нивелирање на канализациските шахти на градските улици продолжува и во наредните денови, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе интервенираат на сите локации каде што ќе се јави потреба. 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан