Се наплатува влезот во националниот парк „Пелистер“

Од:

Националната установа Национален парк „Пелистер“-Битола почна да ја применува одлуката на управниот одбор и менаџментот на таа установа со која од денеска се наплатува влезот во националниот парк.

Наплатата ја вршат вработените кои издаваат уредна потврда, а собраните средства ќе се користат за непрофитни цели, односно ќе се реинвестираат во туристичката понуда на националниот парк, истакна Пеце Цветановски, задолжен за односи со јавност од таа установа.

– Од денеска, 1-ви мај, се наплаќа влезница со паркинг и тоа се однесува само на посетителите кои користат автомобили, комбиња и автобуси. Влезницата чини 50 денари за гостите кои во паркот сакаат да престојуваат со свој автомобил и моторциклистите, 80 денари чини влезот со комбе до 20 седишта и 150 денари за автобуси. Собраните средства ќе се реинвестираат за инфраструктура, еколошка и хигиенска потреба, како и за подобрување на туристичката понуда, истакна Цветановски.

Од НУ Национален парк „Пелистер“-Битола информираат дека во следна фаза ќе биде воведено и наплаќање и за кампирање во паркот, но претходно треба да се создадат услови за таа услуга.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари