А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се намалува бројот на првачиња во Кичево

by А1он29/08/2018 - 14:56242
Share0

Во изминатите две децении во Кичево се бележи континуиран пад и од година на година има сѐ помалку новозапишани првачиња во Кичевско.

Добивај вести на вибер

Во последните 15 години бројот на новозапишани првачиња континуирано е во опаѓење. Така, само во последните четири години, од 408 запишани првачиња во 2015 година, годинава во нашата општина се запишаа 340 првачиња, што значи дека за само четири години бројот на првачиња е намален за три одделенија, или номинално бележиме намалување за 68 новозапишани деца. Ако продолжи иселувањето на младите од нашата општина и во наредниот период, тогаш повеќе од сигурно за десетина години оваа бројка ќе се преполови, вели Сание Садику, раководител на секторот за образование во општината Кичево.

Тој додаде дека ако во градот намалувањето и не е толку изразено, во селските училишта бројот на првачиња бележи драстичен пад.

– Нашето село е второ по големина во општината, но засиленото иселување пред сѐ на младите, придонесе бројот на првачиња и ученици во нашето училиште да се сведе на осумдесетина, додека само пред две децении оваа бројка беше десет пати поголема или во нашето училиште настава посетуваа 800 ученици, објаснува Иса Незири, претседател на месната заедница во село Србица, кој е вработен во општината.

Тој додаде дека годинава мал раст бележи само ОУ “Милто Гурра” во село Гарани од сите девет основни училишта во општина Кичево.

kicevo

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 19:25

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:2115/02/2026 - 19:25

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски05/01/2026 - 11:1105/01/2026 - 11:12

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Горан Наумовски25/12/2025 - 10:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен