Се мијат јавните сообраќајни површини во Скопје

Од:

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје има надлежност и механизација за чистење на јавните сообраќајни површини, односно одржување на хигиената-метење, миење и празнење на корпите за отпадоци.

Директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје Абдусамед Шабани за МИА изјави дека располагаат со осум автоцистерни за машинско миење на улиците.

– Машинското миење со автоцистерни се извршува сезонски, од 1 април до 30 октомври бидејќи во зимскиот период постои опасност од подмрзнување на улиците. „Комунална хигиена“ има надлежност машинското миење со автоцистерни да го извршува само на главните сообраќајници и булевари. Миењето се спроведува во првата и во третата смена, односно или во раните утрински или во доцните вечерни часови, кога нема голема фреквенција на пешаци и автомобили, изјави директорот Шабани.

Чистењето на јавните сообраќајни површини се врши во зависност од густината на населението, фреквенција на луѓе и моторни возила, степен на нечистотија, инфраструктурни сообраќајни услови и начинот на однесување на граѓаните во урбаната средина. За миење на улиците „Комунална хигиена“ користи техничка вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски