Се крои сценарио за да се наместат лекарите штрајкувачи

Од:

А1 дознава дека е направено сценарио, со кое уште од следнава недела се планира да се уништи штрајкот на лекарите, со тоа што одредени специјалисти треба да бидат компромитирани, па дури и осудени за негрижа кон пацинетите.

Целта е пред јавноста да се прикажат како што веќе и беа наречени „неколку бадијалџии кои штракјуваат“ дека не им е грижа за пациентите, иако штрајкот и одбивањето на плаќањето по учинок е поддржано од 90 проценти од лекарите на ниво на Македонија.

Според брифери на А1, за да го има целосниот ефект овој план, во истиот активно учествува еден провладин медиум, кој „случајно“ ќе ги снима пацинетите кои ќе одат на поплака во Министерството за здравство, што ќе биде пак причина да се реагира во име на „загрозените пациенти“.

Во целиот план дури се контактирани и одредени судии, нормално од „независното судство“кои треба да го преземат случајот, а целта е одредени лекари со ваквите „докази“ да се соочат со енормни парични казни. На маса била ставена и идејата за одредување притвор, како поука за сите останати дека треба да престанат со штрајкот и да го прифатат тоа што некој за нив го смислил.

Според извори на А1, целта се неколкумина лекари, активни во штрајкот, но интензивно се чешлаат сите лекари за кои има податоци дека се дел од штрајкот, за да се најде било каква слабост или некаков случај од минатото. Доколку се најде нешто такво, во судот ќе биде активирано повторно и актуелизирано во јавноста со помош на провладините медиуми.

Планерите, дури имале и информации за договорот дека доколку се случи некаков наместен спелтакл со било кој лекар, ќе се соочат со масовни откази на лекарите специјалисти, по што Клинички нема да може да функционира воопшто.

Поради тоа веќе и било комуницирано и испитана можноста дали има алтернатива, во случај на масовни откази и заминување од Клиники. Заклучокот бил дека ниедна друга здравствена институција во земјава нема таков капацитет. На клинички во Скопје, дневно има посети на околу 10.000 пациенти од целава земја.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска