Се излева вода од браната Липа

Од:

Постои реална опасност пробиениот дел од браната на Липска Река кај селото Липа, Неготинско, целосно да попушти, што може да предизвика катастрофални последици, човечки жртви и поплава врз околните земјоделски површини, предупредува техничкиот директор во водостопанство „Тиквеш“ Илија Темелковски.

Поради тоа што дел од водата веќе почнала да се излева, тој предлага прво да се прошири и прочисти десниот одводен канал, а потоа да се санира огромната дупка на средина од насипот.

Во Липа, кое е иселено село, за опасноста од оштетувањата на браната утрово алармираше единствениот постојан жител, Јован Ѓелов.

Причина за напукнување на средниот дел на браната се неодамнешните поројни дождови.

Би можело да ве интересира

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски