Се излеа Слупчанка во Липковско, поплавени мали површини земјиште

Од:

Реката Слупчанка се излеала од своето корито на подрачјето на општина Липково, во Опае, Оризаре и Липково при што поплавила помали земјоделски површини информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Зголемен е и водостојот на реката Пчиња во општина Старо Нагоричане, но, засега РЦУК не регистрира излевања.

На подрачјето на општина Куманово синоќа наврнаа 12,8 литри дожд на метар кавдратен, информираат од Регионалниот центар. Оттаму објаснуваат дека оваа количина на врнежи не може, а и не предизивика излевање на реките во оваа општина.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар