Се излеа Црна Река и поплави ниви

Од:

Поплавени се земјоделски површини во атарот на неколку села во Тиквешијата, по излевањето на водата од Црна Река, објави порталот дума.мк.

Нејзиниот капацитет бил 120 метри кубни ввода во секунда, а сега носела 160 метри кубни во секунда.
Дека водата се излеа од коритото на Црна потврдуваат и од Водостопанство Тиквеш.

– Поради зголемен доток на вода која влегува во прелевната шахта на Тиквешко Езеро се преполни и коритото на Црна. Од вчерашните девет метри кубни во секунда денеска во Црна Река влегуваат 40 метри кубни во секунда. Поплавени се ниви на неколку локации околу реката. Во Возарци пред железниот мост, во селото Манастирец после мостот, после асфалтната база близу селото Трстеник. Наша механизација работи на терен се со цел да се спречат поголеми штети на имотите. Исто интервениравме и за заштита на бунарите за вода за пиење во Росоман кои исто така се загрозени – вели техничкиот директор на Водостопанство Тиквеш, Илија Темелковски.

ФОТО: дума.мк

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава