Се гради ролерско-велосипедска патека од мостот „8 Септември“ до вливот на Лепенец во Вардар

Од:

Екипи на Град Скопје деновиве работат на изградба на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец.

Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници. Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација, соопшти прес-службата на Град Скопје.

На изградба на ролерско-велосипедската патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“. На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со  висина од  по 7 седум метри.

Со продолжувањето на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар, од Град Скопје велат дека им се овозможи на вљубениците во велосипедизмот и ролерџиите да рекреираат на кејот и во овој дел од градот, а просторот ќе се уреди и ќе добие нов лик.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски