Се гради нов скејт-парк на кејот на Вардар

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска изврши увид во градежните работи на новиот скејт-парк што се гради на кејот на реката Вардар, под Паркот на франкофонијата.

Скејт-паркот е наменет за ролерџии, скејтбордери и BMX-бајкери, и ќе овозможи добра забава и рекреација за љубителите на овој вид спортови.

– Новиот скејт-парк е со димензии 15 на 50 метри, а ќе се постават 9 елементи на асфалтна подлога изработена според бараните карактеристики за овој вид спортови. Елементите се изработени од водоотпорен шперт врз кој е поставена пластична нелизгава фолија. Елементите, геометријата и употребените материјали се во согласност со европскиот стандард за овој вид спортови. Скејт-паркот ќе биде соодветно осветлен за да може да се користи и во вечерните часови – рече денеска градоначалникот Трајановски.

Трајановски додаде дека за изградба на скејт-паркот Градот Скопје ќе потроши околу пет милиони денари.

– Новиот скејт-парк очекуваме да биде готов за два месеци. Граѓаните ќе може бесплатно да ги користат елементите во овој скејт-парк – нагласи градоначалникот Трајановски.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски