Се гради комунална инфраструктура во неготинска Урбана зона 8

Од:

Започнаа работите за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализација во Урбаната зона 8, блок 1 во Неготино. Вредноста на проектот, што се спроведува преку Министерството за транспорт и врски, е 14.000.000 денари, обезбедени од Европската инвестициска банка.

– Се гради комунална инфраструктура и тоа АБ канал, краци на улиците 3 и 4, а се поставува и водоводна, фекална и атмосферска мрежа во рамките на проектот „Линиска инфраструктура за изградба на комунална инфраструктура во општина Неготино“, информира денеска портпаролот на општина Неготино Методи Митрев.

Согласно проектот, ќе биде изграден канал во должина од 330 метри, фекална мрежа со опфат на краци во должина од 808 метри, атмосферска канализација од 372 метри и водовод за улиците 3 и 4 со опфат на краци во должина од 809 метри.

Од локалната самоуправа изразуваат оптимизам дека целиот проект ќе биде навремено завршен, со што ќе се создадат услови за непречено функционирање на постоечките стопански капацитети, но и ќе се стимулираат потенцијални инвеститори на овој урбанизиран простор, да изградат нови капацитети.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите