Се гради атмосферска и водоводна мрежа во Сингелиќ

Од:

Во населеното место Сингелиќ во Скоје денеска почна изградбана атмосферска канализација и нова водоводна мрежа на улицата број 28.

Станува збор за проект во чија реализација учествуваат Градот Скопје, Општина Гази Баба и ЈП „Водовод и канализација“. Општината ќе го изврши ископот, а монтажата и поставувањето на водоводот и атмосферската канализација ќе го изврши ЈП „Водовод и канализација“.

По завршување на изградбата на амосферската и водоводната мрежа, ќе се изврши санација на улицата 28 со средствата што Градот Скопје ги издвои за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он