Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Од:

Во Собранието почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која се разгледува претставката на здружението „16-ти март“ за трагедијата во кочанскиот „Пулс“, во која загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени.

На седницата присуствуваат подносителите на претставката – родителите и блиските на загинатите. Воведното излагање го имаше Марија Петрушова, мајка на една од жртвите, која зборуваше во име на здружението. Таа побара вистинска правда за загинатите, „важна за сите деца во Македонија“, нагласувајќи дека трагедијата е резултат на системски пропусти и корупција. Петрушова побара случајот да се третира како прекршување на основните човекови права, особено правото на живот.

Во излагањето оцени дека е симптоматично што со истрагата и обвинението се опфатени само поранешни функционери и службеници од пониско ниво, додека одговорните кои ја вршеле функцијата и во времето на трагедијата не се опфатени.

„Државата драматично потфрли во борбата против корупцијата, големите остануваат над законот“, рече Петрушова.

На комисиската седница се одзваа и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши. Присутни се и координаторите на пратеничките групи, членовите на Комисијата, како и други пратеници, меѓу кои и лидерот на опозицијата Венко Филипче.

Седницата почна со минута молк во чест на жртвите од трагедијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски