Се дели помош за поплавените во штипско-карбинскиот регион

Од:

Во поплавените подрачја во штипско-карбинскиот регион пристигнува помош од Цвениот крст. Секретарот на Општинската Организација на Црвен крст-Штип, Никола Камчев вели дека денеска заедно со Црвениот крст на Р.Македонија, Центарот за управување со кризи и локалните власти ќе доделат помош на населението во Општина Карбинци.

– Денеска сме заедно со претставниците на Црвениот крст да однесеме храна, хигиенски средства, вода за пиење, ќебиња, значи се она што е потребно за населението во Карбинци, а ние и понатаму ќе ја следиме состојбата и соодветно ќе одговориме на потребите на населението, вели Камчев.

Тој додава дека во моментов најпотребни како помош во штипско-карбинскиот регион се вода за пиење и хигиенски средства.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава