Се чисти коритото на Вардар во Скопје

Од:

Екипи на ЈП Улици и патишта Скопје го чистат коритото на Вардар, согласно со Програмата за негово одржување како и на притоките на Вардар – реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2018 година.

– На потегот од мостот „Гоце Делчев“ до полигонот под Кале, екипите рачно ја чистат нискостеблеста вегетација од косините и од кејот на реката Вардар, а со багери машински се чисти и коритото од градежен шут и од наносите на надојдените води од обилните врнежи од дожд. Рачното чистење на вегетацијата, како и машинското чистење на минор коритото на реката Вардар, во централното градско подрачје ќе продолжи и во текот на наредните денови, соопшти Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски