Се чистат тротоарите на градските улици и булевари во Скопје

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на расчистување на снегот од тротоарите на градските улици и булевари, а ЈП „Комунална хигиена“ со 80 работници го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини, информира Град Скопје.

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, „Око“, „Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ користат четири мотокултиватори, четири трактори, едно специјално возило „хијета“, едно специјално возило „пјаџо“, едно специјално возило „аванти“, како и две патарки за расфрлање на сол. Во чистењето на тротоарите и јавните површини активни се и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, каде изминатиов период од ова претпријатие се ангажирани 90 работници и механизација.

Од Град Скопје препорачуваат возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и апелираат граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски