Се чистат од снег улиците и тротоарите во Скопје

Од:

Зимската служба на Град Скопје интензивно работи на расчистување на градските улици и булевар со користење комбинирани методи за чистење на снегот, бидејќи поради ниските температури индустриската сол има ефект со – 6 степени целзиусови, информира Град Скопје.

Изминативе неколку часа, велат од Град Скопје, екипите на Зимската служба го чистат снегот со возила со плуг.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потенцира дека индустриската сол има ефект до – 6 степени целзиусови поради што е можно појавување на голомразица.

– Паралално со коловозот, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски