Се асфалтираат ударни дупки на градските сообраќајници во Гевгелија

Од:

Со нормализирањето на временските прилики и претходно извршениот увид на теренот и засекување на нерамнините, денеска во Гевгелија почна асфалтирањето на ударните дупки по градските сообраќајници.

Акцијата почна со пополнување на дупките на булеварот „Гевгелија“ на влезот во градот како и на другите влезни сообраќајници во Гевгелија, а според најавите од надлежната општинска служба деновиве ќе ги опфати сите улици во градот чија што санација е неопходна по обилните врнежи.

Акцијата се спроведува согласно годишната програма за изградба, одржување и реконструкција на општинската патна мрежа, а паралелно со неа ќе почне и акцијата за обновување на хоризонталната сигнализација на улиците, особено на пешачките премини и паркинзите.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски