Се асфалтира улицата „Анастас Коцарев“ во Ѓорче Петров

Од:

Градежниците од АД „Карпош“ Скопје работат на асфалтирање на улицата „Анастас Коцарев“ во Општината Ѓорче Петров.

Како што соопшти Општината, улицата комплетно ќе биде реконструирана со поставување на нова тампонска подлога, нов асфалтен слој, а ќе бидат поставени и нови ивичници. Покрај реконструкцијата, за која средствата во висина од 2.950.000 денари кои се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, заради застареност на старото улично осветлување, општината од својот буџет издвои дополнителни средства во висина од 1.298.000 денари, за поставување на дваесет нови шестметарски канделабри на улиците „Анастас Коцарев“ и „Гостиварска“ на која исто така се вршат последните подготовки за поставување на нова асфалтна подлога.

За поставување на уличното осветлување е ангажирана скопската фирма „Магнус-инженеринг“.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска