Се асфалтира патот до струшко Лабуништа

Од:

Градоначалникот на општина Струга Рамис Мерко и директорот на јавното претпријатие „Македонија пат“ Гаjур Кадриу денеска извршија увид на градежните работи за асфалтирање на патот во селото Лабуништа.

Патот, кој е со должина од 1.400 метри и просечна ширина од шест метри, според градоначалникот, долго време бил проблематичен за жителите на ова струшко село.

– Општина Струга работи на асфалтирање и поправка на патиштата во општината и на терен одблиску ги надгледуваме тековните активности за нивна рехабилитација, истакна Мерко.

Директорот Кадриу најави дека соработката со општина Струга ќе продолжи и во иднина за реконструкција и на регионалните патишта.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга