СДСМ:Во Македонија ќе има фер избори, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат катастрофално

Од:

СДСМ со соопштение реагира на изјавата на министерот за надворешни работи. Еве што стои во соопштението:

Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори откако ќе се исполнат сите услови за кредибилен изборен процес којшто ќе ја гарантира слободната волја на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се плашат од слободни и фер избори. Затоа правеа се’ да не се исполнат минималните условите за кредибилни избори.

До крајот на годинава во Македонија ќе има фер и демократски избори на коиштоНикола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат катастрофално. Тоа веќе им е јасно на сите.

Никола Попоски изјави:

„Имаме политички договор, тој политички договор останува жив и за нас тој претставува начин за пребродување на оваа политичка криза. Тоа подразбира и организирање избори во согласност со условите кои што се дефинирани со тој политички договор. Ставот на владината коалиција е јасен и тој е дека најголемата опозициска партија има можност, привилегија и луксуз да одбере во кој момент ќе се чувствува комфорно за соочување со граѓаните на демократски организирани избори“

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците