СДСМ: Зврлевски во случајот „Македонска банка“ да постапи професионално

Од:

Пред јавниот обвинител Марко Зврлевски е аудио доказ, потврден од референтен вештак, за поткуп и милионски кеш во случај во којшто е директно инволвиран Никола Груевски, граѓанин на функција премиер, со големи одговорности и поголема потреба за отчетност пред граѓаните.

Независно што јавниот обвинител Марко Зврлевски е избран на предлог на Владата на Република Македонија и може да биде разрешен на предлог на Владата, СДСМ го повикува јавниот обвинител Зврлевски во случајот Македонска банка да постапи професионално, според неговите законски обврски, се вели во писмената реакција на најголемата опозициска партија насочена кон ставот на јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој денеска во изјава за Дојче Веле рече дека приватната тужба на премиерот Никола Груевски не може да влијае врз постапката на Јавното обвинителство за случајот „Македонска банка“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски