СДСМ: Зошто ВМРО-ДПМНЕ ја крие новата хаварија во РЕК Битола

Од:

„Пред неколку денови се случи уште една од низата хаварии во РЕК Битола, овојпат со лизгање на јаглен и јаловина од околу 4 милиони кубни метри. За споредба, годишното производство на јаглен во рудникот Суводол е околу 6 милиони кубни метри. Затрупани се над 300 метри од транспортниот систем на погонската станица ЕТУ-1. Поклопен е комплетниот систем за одводнување на главниот водособирник во рудникот Суводол со целата пропратна опрема, и вистинска среќа е што никој не настрада“, изјави Оливер Николоски, портпарол на СДСМ Битола.

„Колкава е штетата, и кој ќе ја надомести? Или повторно ќе следат серија поскапувања на струјата, на товар на семејниот буџет на граѓаните. Со ова се потврдува дека бранот на ДПМНЕ е само фарса и не беше доволно висок за виоките директорски функции во комбинатот. Затоа СДСМ повикува на оставка на раководството на РЕК Битола, кадар на ДПМНЕ“, бара СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски