СДСМ: Зошто судијата не дозволи вештачење за „душевната болка“ на премиерот Груевски?

Од:

Имајќи предвид што се случува во македонското судство и како се водеше судската постапката против Тито Петковски, пресудата со која за „душевна болка“ Петковски треба да му плати на премиерот 650.000 денари е очекувана, велат од СДСМ.

„Клучното прашање е зошто судијата не дозволил вештачење за „душевната болка“ на премиерот Груевски, и зошто сите предлози за изведување на докази од страна на одбраната на Петковски судот ги отфрлил? Значи ли тоа дека судиите во Македонија во исто време стануваат и вештаци или, само зборот на Груевски е доволен за пресуда?

– Воедно, пресудата е изречена на ден пред отпочнување на годишните одмори на судовите.
Очигледно на судот му беше многу важно итно да пресуди во полза на душевната болка на премиерот Никола Груевски.

– Во македонското судство ништо не се менува. Хајката и одмаздата на власта против политичките неистомисленици наместо да запре, се верификува преку судски одлуки со скандалозни постапки“, се вели во писмена реакција на СДСМ, на пресудата во судската постапка против Тито Петковски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?