СДСМ: Зошто штипјани не ја користат водата од Злетовица иако се потрошија 1,2 милиони евра?

Од:

Две години од наводното пуштање во употреба, водата за граѓаните на Штип од хидро-системот „Злетовица“ никако да протече низ чешмите. Градоначалникот Илчо Захариев, од ВМРО-ДПМНЕ, во ноември 2014 година уверуваше дека водата за штипјани од Злетовица е исправна и здрава за пиење, рече Јане Миланов, советник од СДСМ и коалициските партнери.

Поминаа две години, вода за штипјани од Злетовица нема. Иако општината потроши 1,2 милиони евра досега за ова.

Градоначалникот Илчо Захариев треба да излезе пред граѓаните на Штип и да одговори:
Зошто штипјани не ја користат водата од Злетовица иако се потрошија 1,2 милиони евра?
Дали Штип воопшто ќе ја користи водата од  ХС Злетовица?

Особено имајќи предвид дека филтер станицата, вака адаптирана, не може да ја преработи водата поради високиот степен на заматеност. 

ВМРО-ДПМНЕ не мисли на граѓаните, не мисли на нивниот живот. За ваквото неодговорно и недомаќинско работење одговорност мора да има.

По демократските промени, граѓаните ќе бидат во центарот на вниманието. Секој човек е важен. Штипјани ќе добијат чиста и здрава вода за пиење од Злетовица и проблемот со водата ќе биде решен.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни