СДСМ: Зошто се формирани сектор за туризам и угостителство во Министертсвото за одбрана?

Од:

„Никола Груевски и Зоран Јолевски не се способни да обезбедат основни услови, униформи и чизми за војниците на АРМ ама затоа непотребно создаваат нови сектори во Министерството за одбрана.

Само неодговорна, расипничка власт како на премиерот во заминување, Никола Груевски, може да формира посебна единица за туризам во рамки на одбранбен сектор како и сектор за фиктивно наменско производство за воената индустрија.

Која е потребата од сектор за туризам, угостителство, услуги и возен парк во рамки на Министертсвото за одбрана?

Која е потребата и од формирање на секторот за наменско производство на воена опрема имајќи го предвид несериозниот однос на власта кон војниците и Армијата на Република Македонија?

Ова го потврди и самиот Јолевски а од проектот Вистината за Македонија граѓаните слушнаа како Гордана Јанкулоска признава дека војниците спијат на железни кревети и се покриваат со ќебиња од времето на ЈНА.

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а за 10 години не е направено ништо за подобрување на состојба во којашто се наоѓаат војниците на АРМ.

Несериозниот однос на Никола Груевски кон Армијата и припадниците на АРМ не се промени. Од човекот кој единствено мисли на парцели, провизии, мерцедес од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари, матните зделки на братучедот Мијалков, никој веќе нема никакви очекувања. Единствено се чека неговата оставка“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата