СДСМ: Зошто не е објавен резултатот од програмата за култура во Скопје вредна 220.000 евра, што крие Арсовска?

Од:

„За прв пат оваа година не е јавно објавено, каде завршија парите од Град Скопје за годинешната програма за финансирање проекти од културата, вредна околу 220.000 евра. Станува збор за една крајно нетранспарентна постапка“, соопшти СДСМ.

„Во прилог на ова соопштение е Јавниот повик, во членот VII јасно стои дека Град Скопје, односно Арсовска имаат обврска да ги објават резултатите. Во меѓувреме се случува различни здруженија да реагираат дека само штуро известени дека не добиле средства, без соодветно решение, без можности да реагираат.

Додека крати пари на еколошки проекти, додека прекинува проекти важни на скопјани, Данела не објавува каде завршиле парите на граѓаните.

Што крие Данела Арсовска од граѓаните на Скопје и зошто? Дали доделува средства на сомнителни здруженија блиски до нејзината ВМРО-ДПМНЕ?

Ја повикуваме Арсовска веднаш да ги објави јавно сите информации кои пред скопјани има должност и обврска да ги објави. Каде завршија 220.000 евра пари на скопјани, од касата на Град Скопје мора да се знае“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата