СДСМ: Зошто МВР му даде благодарница на Бајруш Сејдиу?

Од:

СДСМ реагира на прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ која според опозицијата „ се повикува на монтирани конструкции на криминалци подготвени за лична корист не само да лажат, туку и да си ја продадат и родената мајка“.

„Но, тоа се нивните познати методи на лажење и манипулирање со јавноста. Еве им конкретен предлог! Нека излезат гласноговорниците на ВМРО ДПМНЕ, кои многу сакаат да говорат за шверц, да одржат прес конференција на „Ленинова“, на „Аминта III“ или пред локалот „Сушико“ каде „фамилијата“, не ретко ужива во плодовите на своето криминално работење.

И кога сме веќе таму, нека објаснат, за која цел во 2007 година МВР му даде благодарница за добра соработка на Бајруш Сејдиу? Или пак, нека објаснат, како покрај информациите на Царина и УЈП во Македонија влегле илјадници покер апарати и со години функционирале нелегални казина“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО