СДСМ: Зошто Груевски бега од предвремени избори?

Од:

СДСМ реагира на изјавата на премиерот Никола Груевски и неговите оценки за митингот на опозицијата и за присутните.

На Груевски, велат,  му требаа девет дена да се опорави од најмасовниот митинг во Македонија – големиот митинг на опозицискиот „Сојуз за иднината“, за да може да даде било каков коментар.

„Очекувавме дека денес, претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, ќе одговори зошто бега од предвремени парламентарни избори, заедно со локалните во март?И зошто неговата пратеничка група упорно ги избегнува препораките на ОБСЕ/ ОДИХР и Европската комисија за изборното законодавство? Особено, по скандалот со обидот за изборни манипулации во Ресен“, стои во реакцијата на СДСМ.

За Груевски, велат,  најдобро ќе биде да се прошета меѓу граѓаните, без премиерските привилегии што ги ужива, и да види дали воопшто има задоволни пензионери, земјоделци бизнисмени, стопанственици, или таквите информации за наводна добра состојба му ги пласираат неговите соработници од фамилијата.

Одговорите, смета СДСМ,  кои што ќе ги чуе од граѓаните ќе го вратат Груевски во реалноста од која одамна избегал и ќе го срушат неговиот нереален свет во кој живее подолг период.

А утре претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, ќе оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Република Македонија, Ричард Ховит, информираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он