СДСМ: Зошто булеварот Теодосиј Гологанов се гради само 600 метри во Карпош?

Од:

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не се способни да ги согледаат резултатите од работењето на најдобриот градоначалник во Југоисточна и Средна Европа, Стевчо Јакимовски е само доказ за партиското слепило кое ги има обземено.

Ако имаат барем малку доблест и ги тргнат партиските очила многу лесно ќе ги видат 200-те инфраструктурни и други проекти кои се градат во моментот или веќе се изградени на територијата на Општина Карпош. За среќа, граѓаните на Карпош тоа не само што го гледаат, туку и го поддржуваат.

Градоначалникот Коце Трајановски и заменик министерот за ништо Сашо Лазаровски три и пол години ги преспаа и сега мислат дека со два булдожери ќе ги измамат граѓаните на Карпош. Од немоќ почнаа да се китат со туѓи перја. Училиштето Ј.А. Коменски е проект започнат во времето на премиерот Владо Бучковски, спортската сала „Борис Трајковски е проект на градоначалникот Ристо Пенов. Проектот Аква Парк кој го посочуваат за готов, не е ни почнат, а август изминува, додека картингот е чисто приватен бизнис. Дури и Етно селото со кое се перчат е приватен бизнис со државни пари.

Нека кажат господата од ВМРО-ДПМНЕ со кого ја договорија изградбата на булеварот МАНАПО кога граѓаните на Карпош не се согласуваат со таков проект? Нека кажат зошто булеварот Теодосиј Гологанов се гради само 600 метри во Карпош и зошто булеварот Илинден се гради само до улицата Љубљанска, а не во целост?

Многу скоро ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да им се извинува на граѓаните на Карпош, а не да се фалат со туѓи заслуги.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски