Еден час по обиколката на Кочани од страна на министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристевски, општинската организација на СДСМ- Кочани излезе на прес-конференција.
Од СДСМ побараа челниците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со лагите и со манипулациите, бидејќи кочанчани се искрени и паметни луѓе, кои повеќе ништо не им веруваат.
„Знае ли министерот или, пак, некој од кочанските дпмнеовци треба да му каже, дека во село Бели нема деца за во градинка? Деца за во градинка има во Оризари и таму СДСМ ќе отвори нова детска градинка “ – го прашаа министерот кочанските социјалдемократи.
На крајот од прес-конференцијата од СДСМ порачаа:
„Нашите сограѓани од Усова чешма, Оризари, Тркање, нема да дозволат по вторпат во еден месец да ги излажат. Тие својата поддршка овој патќе му ја дадат на вистинскиот кандидат со редниот број 42, нашиот Миле Андонов“.
Ова не е прва реакција од странана на ОО на СДСМ- Кочани што се однесува на сè позачестените посети на министрите во периодот меѓу двата изборни круг.
Според СДСМ, ваквото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ само ги потврдува сомнежите дека централната власт не разликува што е држава, а што политичка партија, а ова значи злоупотреба на власта.