СДСМ: Знаат само за блокади, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат се што е во интерес на граѓаните и државата

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, продолжува да прави штета на интересите на граѓаните и ги поткопува државните позиции и дипломатските процеси за постигнување напредок во евроинтеграцијата на државата.

Блокадите, антидржавното дејствување се се што знаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести околу односите со Бугарија“, велат СДСМ.

„И лани на крајот од годината, Мицкоски јавно среде Скопје ширеше хистерија дека во Софија се распарчувала државата, дека на тајни средби се распродавал идентитетот.

Правеше протести за одбрана на насилниците и криминалците, кои упаднаа во собранието на 27 април да убиваат, да тепаат пратеници, новинари, вработени во парламентот.

Сред пандемија организираа јавни собири на кои ги прекршуваа мерките за заштита, додека граѓаните се бореа со пандемијата, подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ организираше морбидни перформанси ред Министерството за здравство.

Мицкоски правеше протест со луксузни возила против сиромаштијата во државата, правеше протест против покачување на цената на струјата, а тој ја зголеми за 100%.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со блокади и опструкции нанесуваат директна штета на граѓаните и на државата.

Го блокираат Законот за изградба на Клинички центар, тие се против наставниците и стручните работници, против припадниците на Армијата, против минимална плата, против враќање на парите кај граѓаните.

Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.

Без оглед колку лаги, конструкции и шпекулации изнесува Белата палата, без оглед колку протести и блокади прави ВМРО-ДПМНЕ, не може да избега од вистината дека државата оди напред.

Граѓаните го препознаваат тоа и затоа редовно ги казнуваат ВМРО-ДПМНЕ на избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се во опозиција, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните на локалните избори наесен“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов