СДСМ: Жртвите од коронавирусот Мицкоски ги злоупотребува во дневнопартиски цели

Од:

„Oд почетокот на пандемијата Мицкоски е опасен по јавното здравје, жртвите од коронавирусот ги сведува на статистика и ги злоупотребува во дневно партиски цели

Од почетокот на пандемијата Христијан Мицкоски е опасен по јавното здравје и секоја прилика ја користи за поткопување на здравствениот систем“, се вели во реакцијата на СДСМ, на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

„Кај Мицкоски нема ниту грам сочувство за лицата заболени од коронавирусот, за семејствата на починатите од Ковид 19. Напротив, мрачниот некрофил Мицкоски ја злоупотребува нивната несреќа, организира морбидни перформанси на кои се сити на несреќата на починатите и нивните семејства.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно одмагаат наместо да помогнат во справувањето со пандемијата. Наместо на страната на јавното здравје, тие се на страната на вирусот. Заради таквиот нечесен и неодговорен однос Мицкоски уште долго ќе остане во опозиција“, реагира СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија