СДСМ: Згрозениот Мицкоски да си побара оставки и одговорност од сите докажани криминалци од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Дали Христијан Мицкоски денеска е згрозен од пресудите за предметите кои го потврдуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, како што се Титаник, Тврдина, Таргет, Тенк, но и многу други?“, соопшти СДСМ.

„Предизвикува ли нешто кај Мицкоски фактот што голем дел од неговите сегашни или поранешни соработници од ВМРО-ДПМНЕ се осудени криминалци, со судски затворски пресуди или секојдневно се пред судовите за случаите што се водат против нив?

Дел од нив се актуелни пратеници, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев но има и многу други. Впрочем Христијан Мицкоски бил советник и соработник дури и со Никола Груевски, осуден криминалец во бегство.

Згрозениот Мицкоски наместо да ги штити нив, наместо да штити криминал, треба да побара оставки и одговорност од сите нив“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?