СДСМ: Зголеменото, стабилно парламентарно мнозинство ќе ги донесе законите што опозицијата со месеци ги блокира

Од:

Со месеци траат блокадите и опструкциите на важни закони од страна на опозицијата во Собранието. Поради неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието се заглавени закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните вели пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури.Меѓу нив се измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, но и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари. Ќе се надминат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат трајно вработување со што ќе стекнат правна и економска сигурност. Стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе го донесе и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија“ – рече Костадиновска Стојчевска.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема