А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Згаснувањето на Дневник е доказ што се случува кога ќе се удри врз слободната мисла

by А1он14/06/2017 - 18:46193
Share0

„Згаснувањето на Дневник, првиот приватен весник во независна Македонија, е директна последица на задушените слободи на медиумско известување преку долгогодшините притисоци и уцени кои ги вршеше поранешната режимска власт со цел да ги претвори ваквите медиуми во свои пропагандистички партиски гласила.

Добивај вести на вибер

Затворањето на Дневник и неколку други медиуми е најдобар доказ што се случува кога ќе се удри врз слободната мисла и кога наместо да се професионализираат, да се поттикнува плурализам и слобода во известувањето, медиумите се искористуваа во дневно-политички активности во служба на пропагандата што ја практикуваше поранешната власт.

СДСМ како одговорна партија целосно ги поддржува новинарите и медиумите и се заложува и ќе се заложува за почитување на слободата на говор и слободата на медиумите како врвна демократска вредност во едно цивилизирано општество.

Владата предовдена од СДСМ започнува реформски процеси преку кои ќе се обезбедат професионални институции, владеење на правото и услови за објективно функционирање на медиумите и нивна независнот. Политичките партии мора да ги тргнат рацете од медиумските слободи, а медиумите никогаш повеќе не смеат да се ставаат во улога на партиски апарат на која било политичка партија или владејачка гарнитура.

Никој повеќе не смее да врши поткуп, закани и уцени врз новинарите и медиумите. Македонија заслужува и ќе добие професионално и одговорно новинарство“ се вели во соопштението на СДСМ.

dnevniksdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:33

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он10/02/2026 - 19:03

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски08/02/2026 - 11:3308/02/2026 - 12:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен