СДСМ: Здравството беше во хаос поради криминалните тендери на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Ниту една лицемерна изјава или соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие хаосот што таа партија го остави во здравството.

11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравствениот систем. Додека поединци од ВМРО-ДПМНЕ се богатеа од криминални тендери, болниците и клиниките се распаѓаа и тонеа во долгови, редовно недостасуваа лекови и опрема, правата на пациентите се погазуваа, а илјадници лекари неможејќи да работат во нехумани услови, трајно го напуштија јавното здравство и државата.

За разлика од таквиот нехуман пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ги надминува напластените проблеми, ги враќа долговите и го унапредува здравствениот систем во интерес на сите граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта