СДСМ: Здрав разум мора да проработи наместо нафтата на Мијалков, Иванов да овозможи мирен трансфер на власта!

Од:

„Ѓорѓе Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци.

Се потврди сценариото на Иванов и Никола Груевски за блокада на демократските процеси за криминални интереси.

Слушнаа граѓаните дека шест милиони евра потрошил братучедот на Груевски, Сашо Мијалков во јануари и во март за да купи депо за нафта.

Додека луѓето протестираат надвор, Мијалков ја купува Ом Петрол, чиј управител е неговиот син!

Протестите и блокадата на Собранието на Мијалков и Груевски се со цел да го шират богатството од нафтени складилишта и од повеќе бензиски пумпи.

Цела домашна и меѓународна јавност гледаат што се случува! Никаков патриотизам не е во прашање – криминали се!

Затоа лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побараа демократски начела, пристојност и здрав разум од Горге Иванов.

Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија.

Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани.

За заедништво, промени и правда се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.

Тоа е демократски формирано парламентарно мнозинство, кое што застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира. Ќе се формира новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски