СДСМ: Заврши времето на партизација на општеството, сите државни претпријатија работат професионално

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Списоците и тефтерчињата, заедно со масовното партизирање на институциите и државните и јавните претпријатија беше одлика на расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.

Ништо од она што ВМРО-ДПМНЕ денеска го изнесе на прес конференција не е точно. Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту една нивна лага, ниту еден обид за манипулација со цел да се сврти вниманието од лагите на Христијан Мицкоски не може да го побие фактот дека Македонија се менува на подобро.

Сите институции, сите државни и јавни претпријатија работат професионално, независно и во согласност со законските надлежности. Со промените се спроведуваат политики за професионална јавна администрација како сервис за граѓаните.

Времето на партизација на општеството заврши, започнатите реформи обезбедуваат независни и професионални институции кои работат единствено во интерес на граѓаните.

Спроведуваме политики за професионална јавна администрација како сервис за граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски