СДСМ: Заврши времето кога поединци беа над законите

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, неможејќи да се помири со фактот што државните институции работат професионално, неселективно и во служба на законите, наместо селективно, партизирано и во служба на Никола Груевски и неговата партија.

Заврши времето кога поединци беа над законите. Со ослободувањето на институциите, законските норми важат за сите подеднакво и секој се соочува со сопствената одговорност за своите постапки.

По промените на локалните избори таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на институциите во рамки на локалната власт“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта