СДСМ: Заврши изолацијата на земјата, соработката и добрососедство ќе придонесат кон економски развој и перспективна иднина!

Од:

„Заврши времето на изолација и конфликти со демократскиот цивилизиран свет во коешто ВМРО-ДПМНЕ ја држеше Македонија заробена цели 11 години.

Дојде крајот на тајното преговарање и држењето на јавноста и граѓаните во информативен мрак во врска со односите што ги воспоставува нашата земја со соседните земји и меѓународната заедница.

Новото време на слободата и демократијата е тука. Тоа е време на соработка, пријателство и добрососедство што ќе придонесе кон економски развој на земјата и перспективна иднина за граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните се и ќе бидат транспаретно информирани за секој следен чекор во комуникацијата на нашата државата со соседните земји и меѓународната заедница со цел да се интензивираат интеграциските процеси на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија и НАТО.

Македонија и нејзините граѓани се уверени во својот национален идентитет, без разлика дали тоа му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ или не!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат