СДСМ: Зарем денеска за демократија зборува Трајко Вељаноски?

Од:

Денешното обраќање на господинот Трајко Вељаноски во Осло, Норвешка, покажува колку Никола Груевски сака да го понижи својот извршител. Денеска за собраниски Закон и Деловник има задача да зборува Трајко Вељаноски, човекот кој на 24-ти декември беше директен извршител на погромот на македонската демократијата, на узурпацијата на слободата и грубото газење на Уставот и законите, велат од СДСМ.

Денеска за рамнотежа меѓу опозицијата и мнозинството зборува човекот кој го спроведе бркањето на пратениците од опозицијата и новинарите од собраниската сала на црниот понеделник. На кого му се случија и црн понеделник и црн вторник со тепачка меѓу пратеници, се вели во соопштението на опозициската партија.

Денеска за демократија зборува човекот кој дозволи Собранието да се претвори во срам за македонската држава, узурпатор на владеењето на правото, во кое се носат закони спротивни на највисокиот акт, Уставот. Наместо да упатува апели до опозцијата Трајко Вељаноски треба да се надмине себе си и да му каже „не“ на Никола Груевски. Тоа ќе биде во интерес на граѓаните на Република Македонија. Тоа ќе биде во интерес на демократијата, почитувањето на човековите и граѓански права и слободи кои немаат алтернатива, додаваат оттаму.

Институциите на системот треба да бидат столбот на државата а не партиски испостави како што се денес. Во современите општества, неприкосновени се владеењето на правото, на Уставот и законите. Тие се врвен граѓански инстерес. Тоа ниту Трајко Вељаноски ниту Никола Груевски не можат да го разберат, завршува реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он