СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

Од:

„Започнува скрининг процесот за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, како нов чекор на патот на државата кон ЕУ, кој следи по отворањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ“, соопшти СДСМ.

„Евроинтерацијата е стратешка цел на државата и на граѓаните. Затоа е важно сите да бидат максимално вклучени и да има национален консензус за пристапниот процес.

Преговорите и целиот процес на преговори за членство во Униијата е државен и национален проект, кој ќе ја трансформира државата на подобро.

Владата предводена од СДСМ во јули годинава ги започна преговорите со ЕУ, на што државата чекаше 17 години.

Продолжуваме посветено да работиме во интерес на државата и на граѓаните. Македонската иднина е европска“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ