СДСМ: Започнавме преговори со ЕУ, отвораме ново поглавје за иднината на сите граѓани

Од:

„Започнавме преговори за членство во Европската унија, нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од големото европско семејство“, соопшти СДСМ.

„По 17 години чекање, отвораме ново поглавје за иднината на сите граѓани за забрзан развој, напредок и стабилност, отворивме нова страна на европски развој, можности и просперитет.

Со почетокот на преговорите обезбедивме зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, култура, и посебност, македонскиот јазик ќе стане еден од службените јазици на ЕУ.

Имаме за што да се радуваме и да се гордееме.

Остваруваме уште една стратешка цел на страниците на македонската историја, која ќе нѝ обезбеди сигурна, безбедна – европска иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски