СДСМ: Започна процесот на т.н. интернет лустрација

Од:

СДСМ, како што рече Ана Павловска Данева, потпретседател на партијата, ја предупредува јавноста дека започна процесот на таканаречена интернет лустрација, кој наместо да расчисти со соработниците на службите од минатото, ќе се претвори во најголемото реално шоу во Македонија.

Според неа, македонската јавност треба да биде подготвена да ги прими сите извештаи на оперативните служби во кои се наоѓаат приватни детали од животот на илјадници граѓани, кои на еден или на друг начин се нашле во извештаите на службите, иако, подвлече,  најверојатно никогаш не соработувале со нив, ниту претпоставуваат дека се во нечии извештаи.

„На мета нема да бидат само соработниците на службите, туку и оние кои биле предмет на обработка и оние кои случајно се нашле во извештаите на службите. Иако тие нема да бидат лустрирани, детали од нивниот живот, тајните кои сметале дека само тие ги знаат и секако пикантериите кои би биле атрактивни за јавноста ќе се најдат на интернет страниците на комисијата, а потоа сè ќе прерасне во едно медиумско-лустрациско реалити шоу“, рече на денешната прес – конференција Павловска Данева.

Според неа, актуелниот Закон за лустрација содржи законски решенија кои се неуставни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време